Во летниот период вообичаено се зголемува бројот на пациентите со топлотна исцрпеност на организмот поради дехидратација и прекумерно губење на течности и соли од телото поради високите температури. Но, освен појавата на сончаница и топлотен удар, периодов се позачестени се и стомачните вируси, апелираат лекарите.
Да се избегнува директна изложеност на сонцевите зраци во критичните часови од денот, да се внесува доволно количество на вода и лесна исхрана, се само дел од советите од д-р Никола Стефановски од Ургентниот центар во Општа болница Куманово.