„Пријави пожар“ е апликација која се инсталира на мобилен телефон, преку која граѓаните на Куманово имаат можност да пријават опожарување. Најдоцна за две седмици апликацијата ќе биде целосно ставена во функција, информира командирот на територијалната противпожарна единица, Деан Илиевски. Тој смета дека со оваа апликација ќе се отстранат лажните пријавувања и ќе имаат увид во брзината на дејствувањето на нивните пожарникари.
Инаку, мобилната апликација е дел од проектот „Заштита и превенција од пожари во микрорегиони во општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце“, кој го спроведува Центарот за развој на Североисточниот регион.