Советот на Општина Куманово денеска ја одржа претпоследната седница пред локалните избори закажани во октомври годинава.
Прва точка на дневниот ред беше извештајот за финансиското работење на ЈП „Куманово план“ во периодот од први април до триесетти јуни годинава.
В.д. директорката Анета Шандева Доневска информираше дека во текот на вториот квартал, јавното претпријатие изработило најголем дел проекти споредбено со претходната година. Очекува финансискиот извештај за следниот квартал, но и завршната сметка на претпријатието да бидат позитивни.