Јавното претпријатие„Куманово план“ е во добивка од над два милиони денари, покажува Извештајот за финансиско работење за периодот од први јули до 30 септември годинава. Главната цел на претпријатието е да произведува што повеќе проекти во интерес на граѓаните, но за да се оствари тоа, стручниот кадар што работи во претпријатието треба да биде мотивиран, пред се финансиски, смета в.д директорот Бобан Николовски.