Општинската организација на Црвен крст од Куманово во соработка со риболовното здружение „МАК-ДАМ“ вчера организираше крводарителска акција, во просториите на центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Акцијата е редовна и се одржува 11 години по ред на почетокот на годината, информираат волонтерите.
Инаку, членовите на здружението „МАК-ДАМ“ уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело и во периодот од 09 до 16 часот беа собрани 108 крвни единици.