Во завршна фаза се градежните активности на улицата „Моша Пијаде“, информира градоначалникот Максим Димитриевски.
„Во тек е фино тампонирање, по што следува завршно асфалтирање на овој дел од улицата“, објави Димитриевски.
Проектот за реконструкција на ул.„Моша Пијаде“ е финансиран од Светската банка преку Министерство за транспорт и врски, во соработка со Општина Куманово.