Дел од потрошувачите на повисоките делови на ниска зона вчера останаа без водоснабдување поради дефект на водоводната мрежа на главниот вод Ф/350 на ул. „11 Октомври“, поточно на крстосницаат кон кон автопат Е-75, вчера.
Според ЈП „Водовод“ целосно нормализирање на водоснабдувањето се очекува во текот на попладневните и вечерни часови.
„Екипите на ЈП Водовод на терен извршија измена на стандарден режим на водоснабдување со контролиран дотур на вода од средна и висока водоводна зона, поради што водоснабдувањето се стабилизира и во највисоките делови на ниска водоводна зона, соопшти ЈП „Водовод“.