Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска присуствуваше на започнувањето на првата фаза од Програмата за поддршка при психолошка траума, која претставува новина во полицискиот систем и важен чекор кон создавање современа, професионална и одговорна полиција.
Програмата се реализира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија.
„Оваа програма нема да биде еднократна активност. Таа ќе стане дел од континуираните обуки и системот за поддршка на полициските службеници, со што психолошката отпорност, превенцијата и колегијалната поддршка ќе се вградат како трајни елементи на современиот полициски систем“, нагласи Јанев.
Фото: МВР