Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчера во 10:00 часот полициски службеници лишиле од слобода 52-годишен кумановец, кој бил баран по судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело – „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од КЗ. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.
СВР Куманово соопшти дека вчера во 09:45 часот полициски службеници од лишиле од слобода 15- годишник од Куманово, поради сомнение дека на подрачјето на Куманово извршил кривични дела тешки кражби и кражби. По целосно документирање на случаите, против него ќе следува соодветна пријава.
Вчеравечер во 20:20 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бензинска пумпа во Куманово имало лица кои питачат. По извршени проверки на самото место била затекната 23-годишна кумановка и против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти СВР Куманово.