Почитувани,
на нашата мала сограѓанка четиригодишната Теодосија Лазаревска повторно и е потребна нашата помош. На Теодосија пред неколку месеци и беше дијагностициран Wilms тумор. Со помош на донации, девојчето беше сместено и оперирано во болница во Истанбул, каде што продолжи со потребната постоперативна терапија. Но, последниве денови состојбата и е влошена заради што е потребно итно собирање на парични средства за да може да продолжи со лекувањето во Турција. Сите граѓани кои што сакаат да помогнат Теодосија оздравена да се врати во семејниот дом во Куманово можат да донираат на наменската и девизната сметка, а мобилните броеви за донации ќе бидат активирани за два дена, кои што дополнително ќе бидат објавени.

Воено, Ве известуваме дека утревечер за време на концерот по повод Денот на градот на градскиот плоштад ќе бидат поставени штандови за донирање парични средства во организација на Црвен крст Куманово.
Да бидеме хумани!
Сите заедно за Теодосија!