Граѓаните кои сакаат да помогнат на семејствата на настраданите во страшната трагедија што го погоди Кочани, можат тоа да го сторат преку финансиски донации на веб страницата www.supportkocani.com.
„Оваа страница содржи податоци за индивидуални сметки на децата повредени во трагедијата. Сите податоци се објавени со доброволна согласност од родителите или нивните блиски“, се наведува на платформата.
Веб-страницата www.supportkocani.com е создадена за да се спречат можни злоупотреби, а податоците за донации овозможуваат парите да одат директно кај родителите на повредените деца од пожарот во дискотеката „Пулс“.