„Екипите на ЈП „Водовод“ од утрово се на терен и работат на поправка на дефектот на водоводната мрежа на улицата „Руѓер Бошковиќ“ бр. 20. Во текот на денот дефектот ќе биде саниран. Инаку, вчеравечер водоснабдувањето на предметната локација веднаш беше сопрено“ информира директорот на ЈП „Водовод“, Игор Липковски.
„Водовод“ преку соопштение вчеравечер ги информираше граѓаните за преземените активности на терен. Во соопштението се вели:
„Поради дефект на водоводна мрежа на ул. „Руѓер Бошковиќ“ бр. 20, излеана е поголема количина на вода од пукнатата водоводна цевка Ф150, поради ниските температури, дојдено е до подмрзнување на коловоз на ул.„Михајло Пупин“ и ул.„Ѓорче Петров“. Дежурните екипи на ЈП „Водовод“ веднаш реагираа и е прекинато водоснабдувањето на предметната локација, во истиот момент со екипи од ЈП „Чистота и зеленило“ задолжени за зимско одржување на јавно прометни површини е пристапено кон расејување на сол и ризла за обезбедување на услови за безбедно одвивање на сообраќај и пристап на механизација за поправка на настанатиот дефект на водоводна мрежа. Се молат граѓаните за разбирање и да се придржуваат до условите за безбедно возење на наведената локација“, беше наведено во соопштението на ЈП „Водовод“.