Утре во период од 08:00 до 14:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Боро Прцан“, „Србо Томовиќ“, „Осогово“, како и дел од улицата „11 Ноември“ , конкретно пред мостот од населбата Бедиње.
Од 08:30 до 13:00 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „Егејска Македонија“.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.