Од денеска ( 14.05.2025 г. ) започна реконструкцијата на водоводната мрежа на дел од улицата „Моша Пијаде” (од ул ,,Браќа Рибар” до ул „Пиринска Македонија”).
За таа цел е воведен посебен сообраќаен режим во центарот на градот, кој ќе важи се’ додека не се завршат активностите на терен.
Овој проект се реализира со Mинистерството за транспорт и врски и Светска банка во соработка со Општина Куманово, информираат надлежните.