Зоран Заев вчеравечер поднесе оставка од двете функции, лидер на СДСМ и претседател на Влада. На прес-конференцијата во седиштето на партијата Заев им честиташе на политичките опоненти на изборната победа и истакна дека ја презема одговорноста за лошите резултати од изборите.
Тој останува на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори, бидејќи, како што рече, престојат две и пол одлични и неповтроливи години за државата од кои корист ќе има целиот народ и држава.
– Ќе останам периодов додека треба, за да помогнам, да се реорганизира нова влада со прогресивно мнозинство кое го има и постои, а може да биде и уште зголемено, рече Заев.
Тој им честиташе на сите избрани градоначалници на кои им посака чесно и одговорно да му служат на народот.