Во салонот на Уметничката галерија утревечер со почеток во 19.30 часот ќе биде отворена изложба на дела од минатогодишната продукција на меѓународната ликовна колонија „Куманово 2025“.
На изложбата ќе бидат претставени слики од ликовни уметници од Македонија, Србија, Бугарија и Романија.
Далибор Крстевски, Филип Јовески, Вангел Коџоман помладиот и Вангел Крстиновски се авторите од нашата држава.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам. Изложбата ќе биде поставена до крајот на месецов.