Ликовните уметници Стефан Анчевски од Куманово и Марија Трпеска од Скопје деновиве ги изложија своите фотографии во Социјалниот центар Дуња во Скопје, по повод шест години постоење на центарот.
Изложбата насловена „Јадачи на компири“ се состои од колажирани фотографии од знаменотости во градовите на кои се аплицирани компири, алудирајќи на нула (компир) функционалност, функционирање на системот.
Насловот „Јадачи на компири“ произлегува од истоименото познато дело на Ван Гог кое во суштина претставува семејство кое ја споделува храната, компирите, произведена со сопствена мака и труд.
Стефан Анчевски (Куманово, 1993) дипломирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Реализира свои самостојни изложби, учествува на повеќе групни изложби и на повеќе ликовни колонии во земјава и странство.