Во училниците и ходникот на општинското основно училиште „Христијан Карпош“ денеска беа поставени 52 лед светилки, донација од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико.
Овој значаен чекор ќе обезбеди подобри услови за учење на учениците, како и заштеда на енергија. Оваа донација е резултат на долгогодишна успешна соработка помеѓу општина Куманово и Институтот Ромалитико.