Два позитивни случаи на КОВИД-19 се евидентирани во периодот од 19 до 25 јануари годинава, покажуваат податоците на Инстутот за јавно здравје. И во двата случаи станува збор за деца на возраст од 0 до 9 години, по еден случај во Скопје и Тетово.
Тестирани се вкупно 308 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, за 1,3%повеќе во однос на минатата недела(n=304).
Според Институтот за јавно здравје, во текот на 2025 година регистрирани се вкупно 383 заболени лица и 3 починати лица асоцирани со КОВИД-19.
Од Одделот за епидемиолигија на заразни боелсти се препорачува следење на основните мерки за превенција на КОВИД-19 и останатите респираторни заразни заболувања.
Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинација на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход (како што се повозрасните лица и лицата со хронични болести).