Полициски службеници од СВР Куманово ноќеска лишиле од слобода 35-годишен кумановец, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Куманово се однесувал агресивно и упатувал закани кон неговата 31-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.
СВР Куманово соопшти дека вчера во периодот од 11 до 13 часот, полициски службеници извршиле службен разговор со четири лица од Куманово, за кои постои сомнение дека со употреба на сила влегле во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Куманово и одзеле поголем број маси и столови. Во разговорот сите го признале делото, меѓу нив имало и 17 -годишник.