СВР Куманово поднесе кривична пријава против 40-годишен кумановец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластена трговија со добра под привремена заштита, културно наследство и природна реткост”, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, пријавениот во текот на 2024 година купил монети кои потекнуваат од 18 и 19 век и предмети во вид на „пафти” кои претставуваат етнолошки предмети, кои потекнуваат од 19 век или почеток на 20 век и претставуваат добра под привремена заштита.