СВР Куманово поднесе кривична пријава против 27-годишен кумановец и 25-годишен жител на с. Ваксинце, општина Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според МВР, во мај, 2025 година во с.Слупчане, полициски службеници извршиле преглед на второпријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана, која претходно ја набавил од првопријавениот.