Четириесетгодишен кумановец завчера пријавил во СВР Скопје дека во неговиот двор во с. Грушино, додека со багер рушел помошна просторија, пронашол една неексплодирана направа. При подигање на направата, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Скопје било констатирано дека станува збор работи за минофрлачка мина 88 мм, соопштија од МВР.