Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчеравечер во 21:00 часот во Куманово полициски службеници лишиле од слобода 35 годишен кумановец.. Претходно, во 20:20 часот на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, тој управувајќи возило „пежо“ удрил во три паркирани возила, а по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,74 промили алкохол во крвта, информираа од МВР.