Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти дека вчеравечер по 23 часот полициски службеници лишиле од слобода 57-годишен кумановец , постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 39-годишна сопруга.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, информираат надлежните.