СВР Куманово поднесе кривична пријава против 21-годишна кумановка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”.
Според надлежните, во текот на 2021 година, пријавената набавила дигитален сертификат – Потврда за извршена вакцинација против Ковид-19, во кој навела лажни податоци дека примила вакцина.