Секторот за внатрешни работи Куманово сопшти дека вчеравечер полициски службеници лишиле од слобода 39-годишна кумановка. Таа била барана со судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Таа била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.