Општина Куманово и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) финансирана од Шведска, во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање РСМ, денеска ја реализираа втората форумска сесија во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот”, во ресторан Грација.
Денеска беа подетално беа претстави сет мерките за подобрување на квалитетот на воздухот, кои беа предложени на претходната сесија, а за која граѓаните ќе направат приоретизација. Поставување на енергетско-ефикасни фасади, прозорци и кров во неколку училишта, поставување на фотоволтаици на одделни училишта и поставување на полнач за електрични автомобили се трите сет мерки за кои што присутните требаше да гласаат.
„Општина Куманово веќе две години е вклучена во проектот и направени се најголемите приоритети на основа на научни сознанија вршени наназад година и пол. Извршени се испитувања во лабораторија по стандарди на Светска здравствена организација и врз основа на добиените податоци предложивме сет мерки, со тоа што Општина Куманово овој пат даде приоритет на децата“, информира координаторката на проектот Александра Георгиевска Протиќ.
Повеќе детали од изјавите на Александра Димова Манчевска, проектна менаџерка во УНДП и Александра Георгиевска Протиќ, координатор на проектот, во вестите во 18 и 22 часот.