МВР во текот на вчерашниот ден во периодот од 07.00 до 12.00 часот спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила. При контролата 102 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед од кои неисправни биле 32 и тоа: 12 поради техничка неисправност на уредот за запирање, 11 за неисправни системи и опрема, три за претовар, две возила биле со неисправен уред за управување… Во однос на возачите: 12 возачи бесправно управувале со возило, шест возеле без возачка дозвола, еден возач управувал возило за време на впишана прекршочна санкција „забрана за управување”… При контролата санкционирани се и 104 останати прекршоци.