Меѓународна изложба на уметнички дела, насловена „Без дистанца” на македонски и бугарски академски ликовни уметници, ќе биде отворена на 18-ти месецов, во Уметничката Галерија-Русе, Република Бугарија.
На изложбата ќе бидат изложени 40 дела а учество ќе земат 10 македонски и 10 бугарски академски уметници. Оваа изложба е заеднички проект на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово и Уметничката Галерија-Русе, Република Бугарија.
Изложбата која најпрвин ќе се отвори во градот Русe, планирано е да биде отворена и во Куманово на 18-ти ноември.