Миа Додевска, член на пливачкиот клуб „Немо“ освои два сребрени медали на Меѓународен пливачки митинг кој се одржа викендов во Лучани, во Р.Србија. Додевска настапила во повеќе дисциплини, а второ место освоила во дисциплините – 50 и 200 метри градно пливање.
„За само четири месеци, Миа Додевска има освоено десет медали“, информираат од клубот „Немо“.
Информацијата и фотографијата се преземени од ФБ профилот на Пливачки клуб НЕМО.