Со планот за одржување на јавните патишта во општина Куманово за годинава опфатени се само пет сообраќајници, а предвидени се 15 милиони денари.
Минатата година за одржување на улиците беа издвоени од општинскиот буџет 25 милиони денари.
Во 2025 година на девет улици ќе бидат поставени средства за забавување на сообраќајот или т.н. „лежечки полицајци“, соопштија надлежните од Секторот за комунални дејности.