Поради интервенции во дистрибутивната мрежа, утре во период од 08:00 до 14:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Боро Прцан“, „Србо Томовиќ“, улица „Осогово“, како и дел од „11 Ноември“, конкретно пред мостот за населбата Бедиње.
Во период од 08:30 до 12:00 часот утре без струја ќе бидат населбата Средорек, дел од улицата „Доне Божинов“, објекти околу автобуската станица, како и дел од улицата „Никола Тесла“.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија.