Во рамки на одбележувањето на Неделата на младите 2026, под мотото „И јас (можам да) сум волонтер“, Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово реализираше форум за млади наменет за дружење, поврзување и поттикнување на младите да се вклучат во волонтерските активности на Црвениот крст.
Според објавата на Црвен крст Куманово во периодот од 1 до 7 октомври, младите имале можност да учествуваат во различни активности, меѓу кои забава за отворање на Неделата на младите, Форум на млади и Отворен ден, интерактивната игра „Племиња“, филмска вечер и завршна „Слатка вечер“со откривање на „Secret Friend“.
„Преку Форумот на млади и Отворениот ден, учесниците се запознаа поблиску со работата на Клубот на млади, младинските програми и можностите за волонтирање во Црвениот крст. Интерактивните и забавните активности овозможија младите да разменат искуства, да работат во тим и да стекнат нови познанства. Во текот на сите седум дена се реализираше и активноста „Secret Friend“, преку која младите дополнително се дружеа, се поврзуваа и си подготвуваа симболични изненадувања“, информираат од Црвен крст Куманово.