Општина Куманово објави јавен повик за членство во локално собрание на млади.
„Се повикуваат сите младински организации, организации за млади, здруженија, политички подмладоци, средношколски организации и други млади луѓе да се пријават на јавниот повик и да бидат дел од собранието на млади на општина Куманово, кое ќе го формира локалниот младински совет“, пишува во соопштението испратено до медиумите.
Претходно, службеникот за млади при општина Куманово Мартин Крстиќ остварил работна средба со членовите на иницијативниот одбор за конституирање на собранието на млади.