Во организација на Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита денеска се одржа Првата конститутивна седница на Општинскиот совет за социјална заштита, објави Општина Куманово.
Според објавата, на седницата учествувале претставници од здруженија на граѓани, јавни општински установи и институции и претставници од општинската администрација. Во воведната презентација биле претставени организацијата, функционирањето и надлежностите на Советот, по што било избрано новото раководство:
– претседател/ка Тања Стефановска, раководител на Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита во Општина Куманово,
– заменик претседател/ка Симона Трајковска, од Здружение за стимулација, едукација и рехабилитација „Чекор плус” – Куманово и
– секретар/ка Фросина Цветковска – претставничка од Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита.
„Основна цел на Советот е социјално мапирање за изготвување на Социјален план, документ врз чија основа се подготвува годишната програма на Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово“, пишува во објавата.