Опожарена е куќа изминатата ноќ во кумановското село Романовце.
Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи, опожарен е покривот и еден кат од куќата.
Екипа на ТППЕ Куманово интревенирала со две противпожарни возила во периодот од 00:35 до 02:45 часот.
Причините за избувнување на пожарот засега не се познати.