Со комеморативна посета и полагање на свежо цвеќе пред спомен – обележјето на куќата во с. Пелинце, денеска беше одбележана 81- годишнина од пристигнувањето на британската воена мисија (15 ноември 1943 год.), која се приклучила кон партизанскиот одред во кумановско – козјачкиот регион.
Поддршката во оружје и логистика од страна на британските воени сили била од големо значење за антифашистичкото движење во текот на НОБ.
Денешното чествување беше во организација на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав на Куманово – ЗАПВАРС.