Со оглед на прелевањето на речните корита на Крива Река во делот на Јачинце и Довезенце и реката Пчиња во делот на селото Пчиња, доколку АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“ има потреба од ангажирање на дополнителна механизација да достават барање до Општина Куманово, е една од препораките од денешниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување.
Од кризниот штаб велат дека будно ја следат состојбата и ќе реагираат согласно нивната надлежност посочувајќи дека општината има надлежност над речните текови што се наоѓаат во град Куманово односно во делот што е градежен реон, плански опфат и ги вклучува реките Липковка, Којнарка и Кумановка. Реката Пчиња и Крива Река се под директна надлежност на Водостопанство „Кумановско липковско поле“ , потенцираат од Општинскиот штаб за заштита и спасување.
-На овие места каде што надлежност е на општината состојбата со речните сливови е стабилна, рече Даниел Стојчевски од Општински штаб за заштита и спасување
Комисијата за проценка на штети која е формирана во согласност со Советот на Општина Куманово веќе е на терен, ги согледува последиците и се работи обработување на податоците, информираат од Кризниот штаб посочувајќи дека е потребно да се формира тричлена комисија за утврдување на причините за излевање на реките од речните корита.
Општинскиот кризен штаб повторно препорачува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од COVID 19 донесени од страна на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.