Пивара Скопје, со брендот „Роса“, и Бамби, со својот бренд „Плазма“, ја продолжуваат заедничката општествено одговорна иницијатива насочена кон поддршка на семејствата и одбележување на еден од најзначајните моменти во детството: тргнувањето во училиште. Оваа иницијатива, која првпат беше успешно започната минатата година, повторно ќе им овозможи на семејствата чии деца овој септември тргнуваат во прво одделение да добијат пригодно подарок-пакетче по повод почетокот на новата учебна година. Акцијата се темели на заедничката определба на двете компании и нивните партнери да придонесуваат за добросостојбата на заедницата и да им дадат поддршка на семејствата во овој важен период од животот на секое дете.
Подарок-пакетчињата содржат практични училишни материјали и внимателно одбрани производи, како симболичен гест на грижа и внимание за децата на нивниот прв училиштен ден. Акцијата започна на 31 август и ќе трае до крајот насептември 2026 година, односно до распределување на однапред утврдените количини на подарок-пакетчиња.
„Првиот училиштен ден е еден од најважните моменти во детството и спомен што останува за цел живот. Со оваа иницијатива сакаме да придонесеме овој прв ден да биде позитивно и незаборавно искуство.Особено сме задоволни што акцијата, која минатата година наиде на одличен прием, повторно ги обединува нашите партнери околу една заедничка и значајна цел:создавање радосни моменти за најмладите членови на заедницата и нивните семејства“, изјави Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје.