Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека викендов на регионалниот пат Куманово- Св. Николе, во атар на с. Скачковце, кумановско, 29-годишен жител на село Кучкарево, управувајќи мопед „априлиа“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Според полицијата, во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово, соопштија надлежните.