На градскиот плоштад денеска беше поставена новогодишната елка, но градот нема да се украсува. Станува збор за старата елка од претходните години, а се поставува со цел најмалите да ја почувствуваат новогодишната атмосфера во центарот на Куманово бидејќи вообичеано децата се фотографираат до елката.
Како што соопштија и претходно надлежните од општина Куманово, оваа година, поради енергетската криза предвидените средства од 2,5 милиони денари за новогодишно украсување на градот ќе бидат пренаменети за проект на фотоволтаични панели и изолација на објект од јавен карактер.
Инаку и минатата година Куманово беше без новогодишно украсување поради пандемијата предизвикана од Ковид кризата, а средствата беа пренаменети за набавка на таблети за следење на оналјн настава на учениците. За дочекот на 2021-та беа поставени скромни украси и старата новогодишна елка.