Првото бебе во Куманово во 2025 година е женско, родено со царски рез, тешко 3 килограми и 600 грама. Новороденчето е второ дете на семејството Асанови од Крива Паланка.
Претставници на општина Куманово денеска ги посетија бебето и мајката во кумановската болница и им подарија пригодни подароци.
Трендот на опаѓање на бројот на новороденчиња во Куманово продолжува, посочуваат надлежните. Минатата година биле родени 688 бебиња, а претходната 2023 имало 730 породувања.
Инаку, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот се роди првото бебе во Македонија. Станува збор за машко бебе, тешко 3190 грама и долго 50 сантиметри, информираа надлежните.