Отсекот за превенција при СВР Куманово како член на Локален совет за превенција во соработка со ЈЗУ Општа Болница Куманово во текот на вчерашниот ден спроведоа активност за проверка на шеќер во крвта и крвен притисок на граѓаните, како мерка за заштита од топлотни удари во овој период од годината.
Од страна на лекарите и медицинскиот персонал, на граѓаните им беше препорачано заради високите температури да се придржуваат на препораките и да не се движат надвор во периодот од 11 до 18 часот да носат светла лесна облека, очила за сонце, капи на глава, да се користи лесна храна, без употреба на алкохол и да се употребуваат многу течности.