Во организација на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата викендов беше спроведена превентивната активност – манифестацијата „Детски семафор 2026“.
„На полигон, поставен од Отсекот за превенција, преку препреки, семафори, патеки, и кружно возење децата учеа како исправно и безбедно треба да се движат со велосипед во сообраќајот. На настанот, чија главна цел беше зголемување на безбедноста на најмладите учесници во сообраќајот, присуствуваа голем број млади велосипедисти и граѓании, а гости беа претставници на Велосипедската федерација на Македонија и Велосипедскиот клуб „Вело М“ од Куманово“, соопшти Министерството за внатрешни работи.