По повод големиот верски празник Богојавление – Водици, по крстот да скокаат само оние кои што се здрави, кои немаат хронични болести, не примаат никакви лекови и терапии, апелираат лекарите.
За повозрасните и хронично болни луѓе не се препорачува скокање по крстот.
-Препораката до секој млад здрав човек и оние кои што сакат да скокаат по крстот е прво да се направи општ здравствен преглед и да скока само оној кој што се чувствува добро, изјави д-р Никола Стефановски, Ургентен центар Куманово.