На сцената на Центарот за култура утревечер ќе биде изведена претставата „Смрт и девојка“ на Театар Куманово, со почеток од 20 часот. Претставата е во режија на Мирослав Петковиќ.
Играат: Марко Трајковиќ, Владо Дојчиноски, Сања Русеска.
Драматург: Сашо Костовски
Костимограф: Дарко Илиевски
Видеодизајн и видеооператор: Мишо Димитријевски
Инсталација: Крсто Богојевски
Билетите се во продажба на билетарата во Центарот за култура.
За сите студенти со важечка легитимација (индекс или студентска легитимација) билетот за претставата е 100 денари.