Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти дека вчеравечер околу 22 часот полициски службеници лишиле од слобода 56-годишен кумановец, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Куманово се однесувал агресивно и физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат надлежните.