СВР Куманово информира дека на 24.10.2023 година во 20.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Ј.(53) од село Долно Ѓуѓанци, светиниколско. Тој во селото Кучкарево, кумановско, агресивно се однесувал и ѝ се заканувал на својата сопруга С.Ј.(35).
Т.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.