Секторот за внатрешни работи информира дека вчера во 10 часот вработена во основното училиште „11 Октомври“ во Куманово пријавила дека поранешната директорка на училиштето, која била сменета од местото на 09.05.2025, на 12.05.2025 неосновано ја одјавила од работниот однос за наводно кршење на работниот ред и дисциплина и бравата од вратата на нејзината канцеларија била сменета. Според пријавеното, ниту усно, ниту писмено таа не била информирана од поранешната директорка за преземените мерки, соопшти СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.